- Тактичките победи често се завршуваат со стратешки порази – забележува Лилија Шевчова од московскиот Карнеги центар.
На почетокот изгледаше дека сметката на рускиот претседател Владимир Путин се исплати, продолжува таа во својот коментар во Фајненшел тајмс: Западот ќе ја проголта анексијата на Крим, а Украина нема да се брани поради стравот да не биде вовлечена во војна.
Тоа ја одведе Русија на колосек на воена и национална мобилизација, овозможувајќи му на Путин да преземе апсолутна власта без посегнување по масовни репресии. Меѓутоа, буткајќи ја Русија во воена состојба, Путин покрена процес кој не може да го спречи, станувајќи така заложник на самоубиствена стратегија.
Тој повеќе не може да се откаже од воената матрица без ризик да ја изгуби моќта. За сега тој склучува договори и навлекува на себе мировничка облека, но неизбежно ќе се врати на стратегијата на воени походи. Тој може да владее само така што ќе го хушка народот дека единствено што е оправдано е да се војува. Меѓутоа, Русите, предупредува Шевцова, добро ќе ги памтат своите економски неволји.
Путин го суспендираше пост-студено воениот договор кој му овозможуваше економски да соработува со Западот во интерес на руската нафтена индустрија, додека истовремено руското општество остана затворено за западните влијанија.
Меѓутоа, агресијата трајно ги насочи погледите на соседна Украина кон Западот. Мировниот план кој Путин го објави во септември, а кој е вграден во обезбедување на примирје, само е обид да се официјализира постоечката состојба. Алтернатива за Кремљ беше да се продолжи крвопролевањето. Тој нема да се откаже од окупираните територии, а неговата понуда за договор имаше поддршка од кругови од сивите зони на таа земја која сеуште располага со еден од најголемите нуклеарни арсенали.
Западот не се осудува рускиот упад да го нарече агресија. Тие еуфемистички зборуваат за политичко решение за украинската криза, што значи дека треба да се земат предвид интересите на Кремљ. Шевцова пишува дека НАТО самитот кој неодамна беше одржан во Велс, покажа дека алијансата не е подготвена да направи било што повеќе од тоа што ќе упати зборови на осуда на сметка на Русија.
Ветувањата на некои НАТО земји за вооружување на Украина нема да ја наруши воената рамнотежа, иако двете страни имаат интерес да се претвораат дека е поинаку. Западните санкции нема да го натераат Путин на повлекување. Западот покажа дека не е подготвен да ја смести Украина под својот безбедносен чадор, ниту да преземе свои обврски кон меѓународното право како гаранција на територијалниот интегритет на Украина, Новарусиа, на просторот кој го контролираат проруските сепаратисти е на пат да стане реалност. Поделбата на Украина премолчено почна да ја одобрува остатокот од светот.
Дали тоа значи дека Путин победува? Токму спротивното: тој повторно се пресмета. Тој мисли дека може да го прави тоа што го правеле останатите руски лидери пред него, да го потчинува своето население држејќи ја Русија во состојба на постојана конфронтација со остатокот од светот. Но, пропагандата која постојано се врти на руските ТВ канали нема да може да ги замајува луѓето уште долго. Руското општество може единствено да прифати куса победничка војна. Тоа не е подготвено за крвопролевање.
Ретки се тие кои се подготвени да умрат за режимот на Путин. Вестите за илјадници загинати руски војници во Украина и скришните погреби во Русија, почнаа да го рушат патриотското расположение.
Киев и проруските сепаратисти се договорија за дополнителни мерки за да се обезбеди примирје во источна Украина.
Кога наскоро почне да паѓа животниот стандард на Русите, тие ќе почнат да се прашуваат, зошто се појде по зло. Веќе сега 37 отсто жители од таа земја сметаат дека интересот на поединците треба да биде над интересот на државата. Путин не е нов Сталин. Тој не е во состојба да ја мобилизира Русија за голема патриотска војна.
Да биде иронијата поголема, Новорусија наскоро ќе стане проблем за рускиот претседател. Кремљ ќе мора да се соочи со тешката артилерија на сепаратистите, гневни што не обезбедиле редовна помош од Москва, во моментот кога ќе нарасне бранот на протести во нивниот сопствен двор.
Москва ќе мора да ги држи своите херои на пристојна дистанца. Тие кои храбро се бореле за рускиот свет можат брзо да станат закана за Путин, ако им биде дозволено да влезат во рускиот простор.
Тие се добредојдени во татковината, но само ако доаѓаат во ковчези.
Радио Слободна Европа - Прага