Пороен дожд, грмежи и ветер попладнево низ Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, попладнево беа зафатени северните и источните делови од Македонија каде на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поинтензивни се процесите на повисоките места и планините, особено во беровскиот регион каде до 17 часот повремено имало интензивни поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Регистрирана е и појава на град.

До 17 часот во Берово наврнале 93 литри на метар квадратен, во Прилеп 15, во Крива Паланка 7 и во Битола 1 литар на метар квадратен.

Попладнево беше зафатена и Скопската котлина каде имаше зголемена облачност и дуваше повремено засилен ветер кој на моменти достигнува брзина до 55 км на час.

- Нестабилноста се движеше од северозапад кон југ и југоисточните делови од земјава и ги зафати централните, а доцна попладнево јужните и југоисточните делови од земјава каде има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни се процесите во дојранскиот регион каде има интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, информира УХМР.

До крајот на денов во земјава ќе се задржи променливо и на места нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 23, а највисоката се очекува да достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до околу 20, а највисоката дневна ќе достигне до 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...