Времето во Република Македонија претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен југоисточен ветер. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени.