Специјалниот обвинител ќе има целосна автономија

Скопје, 15 септември 2015 (МИА) - Специјалниот јавен обвинител ќе има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното обвинителство, вклучувајки го и Јавниот обвинител на Република Македонија, не може да влијае на неговата работа.

Ова стои во Предлог-законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка, за кој денеска во Собранието расправаат пратениците по предлог на пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Горан Сугарески и Имер Алиу.

Јавниот обвинител, како што стои во членот седум од Предлог-законот, ќе биде одговорен за неговата/нејзината работа пред Собранието на Република Македонија и пред Советот на Јавни обвинители. Ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи  и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според него треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците.

Во членот осум се наведува дека Јавниот обвинител редовно ќе ја информира јавноста за напредокот на неговиот/нејзиниот напредок, врамнотежувајќи ги етичките и процедурални обврски одредени со закон и јавниот интерес да се биде информиран за текот на истрагата и гонењето.

Во делот за организацијата на Јавното обвинителство, во членот 9 стои дека функцијата Јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде извршувана од Јавен обвинител лично и јавните обвинители избрани во Јавното обвинителство кои му/и помагаат.

- Јавниот обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на Јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, стои во Предлог-законот. 

По писмено барање од Јавно обвинителство, се подвлекува, јавните обвинителства се обврзани, во рок од 8 дена, да предадат кој било предмет по кој постапуваат за да се одлучи дали предметот спаѓа во надлежноста на Специјалниот Јавен обвинител, согласно  неговите/нејзините овластувања определени со овој закон.

Специјалниот Јавен обвинител одлучува во рок од 8 дена дали случајот спаѓа во надлежност на Обвинителството.

Што се однесува до начинот на финансирање, се предлага, како што стои во член 16, потребните средства за работење на Јавното обвинителство да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник - Јавно обвинителство на Република Македонија.

Во делот за краен рок за покренување обвинение, во членот 22 од Предлог-законот за кој ќе расправаат денеска пратениците, стои дека Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.  

Согласно предложениот закон за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници во парламентот, Советот на јавни обвинители по предлог на Собранието, без објавување на јавен оглас, го избира Јавниот обвинител, со мандат од 4 години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за Јавен обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Функцијата Јавен обвинител кој раководи со Јавното обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...