Хан: Крајно време да се помогне во решавање на мигрантската криза

Гевгелија, 19 септември 2015 (МИА) - Тим од Европската комисија заедно со експерти од Македонија од понеделник ќе ги проценуваат и утврдуваат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош што ќе им биде потребна на властите за справување со мигранстката криза на јужната граница.

Ова денеска го најави еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан  при посетата на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, заедно со министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски и евроамбасадорот Аиво Орав.

Хан е задовлен од начинот на кој Македонија се справува со мигрантската криза и вели дека е крајно време да се помогне во решавањето на ситуацијата.

- Ќе и помогнеме и на вашата земја да излезе на крај од ситуацијата. Како што веќе бев информиран на дневна база се примаат околу 6.000 бегалци, во просек. Мислам дека ова е предизвик за вашата земја, како и за другите земји, така што би било добро сите да изнајдат решение на ова прашање, изјави Хан.

Нагласи дека увидел оти успешно се справуваме со ситуацијата со бегалците и изрази благодарност до властите.

- Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација, рече Хан.

Се разбира, додаде, од друга страна, претставува и задача за нас земјите-членки да ги зајакнеме нашите надворешни граници и исто така е многу важно и за другите земји од регионот да е справат со оваа ситуација.

- Минатата недела  предложив пренамена на финансиските средства од Турција да биде за регионот. Се работи за сума од 1,5 милијарди долари за да може регионот да се справи со овој предизвик и да можат луѓето кои доаѓаат тука со оваа помош или да останат тука или да се вратат во нивните земји, затоа што луѓето секогаш се разбира дека преферираат да се враќаат во нивните земји на потекло. Тоа би претставувала добра шанса за нив, потенцира Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...