Доделени наградите „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Скопје, 28 септември 2015 (МИА) - Делегацијата на  Европската унија во Скопје и Здружението на преведувачи МАТА денеска ги доделија наградите од вториот конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2015 година, по повод 26 Септември - Европски ден на јазиците, кој се одбележува од 2001 година.

Првата награда ја доби Кристијан Фидановски за превод на книгата „Бесрамност“ на Николо Аманити од италијански на македонски, втората награда и беше доделена на Зорица Петковска за превод на книгата „Бестрашност“ на Роди Дојл од англиски на македонски и третата награда на Сања Таневска за превод на книгата „Ваби Саби“ на Франсес Миралес од шпански на македонски јазик.  Беше доделено и почесно признание за креативност во преводот за Зорица Петковска и Никола Ѓелинчевски на „Шиноморје“ на Том Миевил од англиски на македонски.

На вториот конкурс за „Вавилон“ се пријавиле 15 млади преведувачи на пет изворни јазици (англиски, француски, бугарски, шпански и италијански) и на два целни јазика (македонски и турски). Четири пријавени текста биле дисквалификувани затоа што не ги исполнувале условите на конкурсот.

Целта на конкурсот е да се промовираат младите преведувачи и да се поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела. Конкурсот е наменет за преведувачи до 26 години кои ќе пријават преводи на литературни дела од некој од 24-те официјални јазици на Европската унија на кој било од јазиците кои се зборуваат во Македонија.

Наградите се состојат од паричен износ од 500 евра, годишно членство во Здружението на преведувачи МАТА и објавување на преводот во списанието „Културен живот“.

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека ЕУ посветува многу напори за стимулирање на повеќејазичноста во Европа како семејство кое зборува на различни јазици. 

- Делегацијата на ЕУ го покрена проектот „Вавилон“ имајќи ја на ум ваквата политика. Задоволство ми е што гледам дека имаме втора генерација победници, дузина преведени текстови од бројни, различни европски јазици и трета генерација кандидати на кои ќе им го поставиме истиот предизвик, рече Орав. 

Огнена Никуљски, професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на организацискиот одбор на „Вавилон“, рече дека преведувањето не е техничка, туку креативна активност и не е само репродукција, туку и создавање. 

- Предизвикот во преведувањето е да се сознаат суптилните нијанси на оригиналниот јазик и тие да се соопштат на друг јазик преку преводот, а притоа да се остане верен на оригиналната творба и да се избегнат бескрајните фусноти и објасненија за тоа што се сакало да се каже со одреден збор. Креативноста тука е од суштинско значење, рече Никуљски.

На настанот беше промовиран и третиот конкурс за наградите „Вавилон“ за наредната година. Крајниот рок за прием на пријавите е 4 април 2016. Организаторите на конкурсот на 2 ноември во ЕУ Инфоцентарот од 16 часот ќе организираат работилница за потенцијалните учесници и млади преведувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Женска во кафич му одговара на Трпе:
- Абе, ќе ти го дадев телефонот, ама уште немам идентификатор.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот...
1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по...
1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната под...
1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа...