Договорот е најдобар начин да се стави крај на кризата

Скопје, 11 ноември 2015 (МИА) - Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан упати видео - порака во која, како што вели, ги споделува главните прашања поврзани со Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија и предизвиците кои стојат пред земјата.



Видео пораки комесарот Хан упати и до јавноста во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција.  

МИА во продолжение ја пренесува видео-пораката на еврокомесарот Хан.

- „Европската комисија ги усвои својата нова стратегија за проширување и извештајот за вашата земја. Дозволете ми директно да ги споделам со вас главните прашања. Оваа година беше полна со предизвици. Вашата земја се соочува со најсериозната политичка криза во последните години. Кризата дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните комуникации. Овие откритија ги потврдија сериозните сомнежи за политичко вмешување и корупција на високо ниво на кои Комисијата на ЕУ укажа во нашите претходни извештаи. Повторно укажуваме на нив и оваа година.       

Минатото лето, вашите политички лидери успеаја да најдат компромис за надминување на застојот, со поддршка од ЕУ. Оттогаш, опозицијата се врати во Парламентот и специјален обвинител беше назначен да ги истражи сериозните прашања кои произлегуваат од прислушуваните комуникации. Убеден сум дека овој договор е најдобриот начин да се стави крај на политичката криза еднаш засекогаш.

Денес, главен предизвик за вашите лидери е да ги исполнат нивните заложби, спроведувајќи го нивниот договор со добра волја и посветувајќи се во целост на итните реформски приоритети, за да го подобрат владеењето на правото во вашата земја. Вашите лидери мора да ги стават интересот на земјата и иднината на нејзините граѓани во средиштето на нивната работа.

Повикот за смиреност што го упатија вашите лидери по трагичните настани во Куманово оваа година покажа дека тие можат да ги надминат меѓусебните разлики кога интересот на земјата е во прашање. Политичката стабилност и компромисот се единствен начин да се подобри владеењето на правото и да се создаде просперитет. Тие се исто така единствен начин да продолжите и да напредувате на вашиот европски пат.

И конечно, тие се единствен начин да се справите со досега невидената глобална мигрантска криза, која исто така ја погодува и вашата земја. Како и другите општества ширум Европа, вие го направивте она што можевте за да им помогнете на другите луѓе во неволја. Ви честитам за овие напори. Бидете уверени дека ЕУ ќе продолжи да ви помага во справувањето со овој предизвик.

На крај, во светло на напредокот остварен во спроведувањето на политичкиот договор постигнат во јуни/јули, Комисијата е во принцип подготвена да разгледа продолжување на својата препорака за отворање пристапни преговори со вашата земја. Оваа подготвеност е строго условена со целосното спроведување на договорот и на итните реформски приоритети. Ќе се навратиме на ова прашање по изборите така што вашата земја нема време за губење“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...