Меѓународен симпозиум за стогодишнината од битката кај Чанаккале

Скопје, 9 декември 2015 (МИА) - Во услови на глобализација се помалку се трудиме да научиме нешто од историјата. Тоа значи дека вие, историчарите и архиварите имате полни раце работа. Ве повикувам да ги отворите дефтерите, да ги препрочитате старите книги, да ги извадите на виделина старите сведоштва и со тоа да ни помогнете да ја нучиме лекцијата од минатотот за да не ни се повторува постојано, порача претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на симпозиумот „Стогодишнината од Првата светска војна, фронтот кај Чанаккале - нивните глобални последици“.

Македонскиот претседател е покровител на меѓународниот симпозиум што денеска и утре се одржува во Скопје, а на 12 декември во Битола во организација на Државниот архив на Република Македонија во соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Турција. На симпозиумот  учестуваат еминентни историчари од Турција, Бугарија, Унгарија, Полска и Македонија.

- Еден испукан куршум во Сараево го означи почетокот на Големата војна која доведе до рушење на три империи. Овој настан покажа колку е важен мирот на Балканот за европскиот мир. Годинава се сеќаваме на една од најголемите битки во самоубиствената војна на Европа, но и светот. Исходот од битката на Галиполи бил вовед во Македонскиот фрнот кој бил отворен во октомври 1915 година и се протегал на цели 600 километри, од Егејското Море на исток до Јадранското Море на запад, рече Иванов во говорот на отворањето. 

Тој посочи дека Македонија беше повеќе објект отколку субјект во Големата војна.

- Македонија беше несреќното боиште на кое Европа се уништуваше самата себе. На Македонскиот фронт се судрија речиси еден милион војници од 20 нации групирани во десетина различни армии. Но, за 200.000 војници на фронтот единствена рзлика била униформата што ја носеле и знамето под кое се бореле. Тие војници биле Македонците, кои со Букурешкиот мировен договор се најдоа на различни страни од границите, а со почетокот на војната биле присилно мобилизирани, потенцира Иванов.

Додаде дека е тажно што и во 21. век нема мир во светот и на Блискиот Исток и во Северна Африка радикалните екстремисти ја уништуваат различност негувана со векови. Двојните стандарди, како што рече,  го суспендираат меѓународното право и ги држат во заложништво меѓународните институции, а со затегнатите односи меѓу Истокот и Западот состојбата се повеќе наликува на Студената војна.

Претседавачот на симпозиумот проф. д-р Џезми Ерслан од Институтот за начелата на Ататурк и историјата на обновата на Турција при Универзитетот во Истанбул посочи дека последиците од глобалниот оружен конфликт од пред 100 години  се чуствуваат и денеска.

- Границите поставени по завршувањето на Првата светска војна, особено во регионов, се неприродни и затоа постојат притисоци за нивна промена. Сведоци сме на такво нешто на Балканот пред 20-тина години, а и денеска се уште постојат такви тенденции, рече Ерслан.

Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски потенцира дека симпозиумот ќе го допре и македонското прашање, поделбата на Македонија и последиците од поделбата.

- На симпозиумиот ќе се зборува за теми за кои малку се дискутира во Македонија и ќе се отворат некои помалку познати аспекти. Симпозиумот ќе осветли некои историски факти што некогаш се заборавени случајно, а некогаш намерно и ќе ја информира јавноста за некои работи кои се значајни, рече Петровски. 

Теми на сесиите на меѓународниот симпозиум ќе бидат „Регионот и Светот пред Првата светска војна“, „Неповолните влијанија на Првата светска војна врз народите од регионот“, „Законот за воените злосторства на фронтот кај Чанаккале“, „Националните и меѓународните последици од Првата светска војна“, „Македонскиот фронт во Првата светска војна“ и „Фронтот кај Чанаккале од воена перспектива“. Во состав на меѓународниот симпозиум Државниот архив на Република Македонија ќе ја отвори изложбата со наслов „Одбележување на стогодишнината од распарчувањето на Македонија и од Првата светска војна“ која опфаќа фотографии, документи, и материјал од богатата ризница на архивот. Целта е да се прикажат помалку познати материјали со кои јавноста ќе добие претстава каква била суитуацијата во Македонија на почетокот на 20. век и какво било секојдневието на нашите предци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...