СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот списокСкопје, 2 февруари 2016 (МИА) - СДСМ денеска ја потпиша методологијата на Државната изборна комисија за прочистување на избирачкиот список, потврдија за МИА од ДИК.
Според оваа методологија, што ја предложи ДИК кон крајот на декември, избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази.
Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции. Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат.
Оваа методологија претходно ја прифатија ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.
|