„Ки“ од Куманово во финалето на „Демофест 2016“

Скопје, 23 јули 2016 (МИА) - Македонскиот електро арт бенд „Ки“ од Куманово влезе во финалето на најпрестистижниот балкански фестивал за демобендови „Демофест“ и вечер ќе настапи заедно со другите 11 финалисти на тврдината Кастел во Бања Лука.

- По 2,5 години поминати во студио, навистина понесува енергијата што ја споделивме со публиката овде, изјави пејачот и гитарист Александар Краљевски по прогласувањето на финалистите.

Бендот „Ки“ во состав Краљевски, Марко Петровски – бас гитара, Милош Краљевски – тапани и Даме Јовановски – клавијатура, сајзер, е основан кон крајот на минатата година. Кон светскиот звук на бендот придонесува и Марко Николовски – диџеј, кој во сопствен аранжман бележи успех и на европската сцена.

„Ки“, чија музика е надополнета и со поигрување на музички жанрови, но и со автентични текстови, планира да го издаде својот прв албум во 2017 година.

„Демофест“ се одржува 9. пат, а се смета за најдобро организиран фестивал од ваков тип во регионот, со одлични можности за младите бендови. Во вечерашното финале настапуваат „3 капљице“ (Нови Сад), „Ки“ (Куманово), „Многи други“ (Загреб), „МултиКулус“ (Бања Лука), „Пиг Поп“ (Загреб), „Сила нечиста“ (Солин), и бендовите од првото полуфинале „Дегенеза“ (Белград), „Ист Тајм“ (Фоча/ Сараево), „ЕоТ“ (Карловац), „Кдџо“ (Бања Лука), „Летарг“ (Копривница) и Сеине (Вараждин).

Победникот ќе биде награден со снимање и продукција на албум во висина од 5.000 евра, додека втропласираните и третопласираните добиваат бинска опрема во вредност од 2.000, односно 1.000 евра.

Како што најави директорката Бранкица Јанковиќ, фестивалот традиционално ќе ја врачи и наградата „Плави бас“ на најдобриот басист во соработка со компанијата „Џек Даниелс“,

Во првата полуфинална вечер настапи и скопската група „Колт“ која не обезбеди влез во финале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...