Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Главната расправа по предметот „Трезор“ поднесен од Специјалното јавно обвинтелство е закажана за 21 ноември, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
- Судечкиот судија кај кого беше рапсореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расрпава е закажана за 21.11.2016 година во 10:00 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог, стои во соопштението од Основен суд Скопје 1 - Скопје.