Манифестација „Бела ноќ“ во Скопје

Скопје, 1 октомври 2016 (МИА) - Традиционална манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи вечер во Скопје. Во рамки на богатата програма најавена од организаторите на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и улични перформанси. 

Во Музејот на град Скопје, Музејот на современата уметност и Младинскиот културен центар ќе биде поставена голема изложба на американски „Поп-арт“. Станува збор за лепеза од повеќе од 100 графички дела, од Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист. Од МКЦ потенцираат дека делата на поп-артистите пред се` упатуваат на потрошувачката култура, маркетингот и јавните гласила. Поп-артот е инспириран од дадаизмот за да дозволи хуморот, иронијата и критиката да бидат дел од нивните дела како вид уметничка стратегија.

Во 21 часот на Плоштадот „Македонија“ ќе се одржи звучно-светлосен перформанс на француската спектакл-трупа „Compagnie des Quidams“. Трупата е формирана пред 22 години, и досега има гостувано во повеќе од четириесет држави на повеќе континенти. Compagnie des Quidams ја сочинуваат дваесетина уметници од театарот, музиката, циркусот, останати сценски изведувачки уметности... Во „Бела ноќ“ ќе настапат со нивната последна продукциска претстава „FierS ? Cheval“.

Петнаесетина минути по настапот на француската трупа, ќе се одржи уште еден уличен театарски перформанс, дело на полска трупа. Таа ќе „доплива“ на Плоштад со 30-метарска арка која претходно ќе плови по скопските улици.

Перформансот именуван „Арка“, ќе потсети дека се уште живееме во доба на бегалци, скитници, номади, кои патуваат низ континентите и си ги затоплуваат душите со спомените од домот, без разлика дали тој дом е духовен и/или етички, небесен и/или географски, реален и/или пак имагинарен.

Програма од „Бела ноќ“ ќе има и во Младинскиот културен центар. Таму ќе се одржи концерт на култната белградска група Дисциплина кичме, по повод издавањето на новата плоча именувана „Опет“. Ќе настапат и швајцарските рокенрол/блуз/гараж херои „Roy и the Devil's Motorcycle“ и македонскиот инструментален пост рок квартет „Кхара“. Целовечерни концерти ќе има и во Денсинг салата на МКЦ и во Џебното кино.

И годинава манифестацијата „Бела ноќ“ ќе биде збогатена со филмскиот маратон под отворено небо во Градскиот парк и со изложби во Културно-информативниот центар.

Организаторите на манифестацијата информираат дека и годинава влезот во Золошката градина ќе биде бесплатен од пладне до 18 часот. Бесплатно ќе биде и возењето со автобусите на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, во период од 19 часот до раните утрински часови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...