Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изутринава е приведен по налог на Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април.
Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.
Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски.