Заев:Сега е момент за взаемно прифатливо решение

Процесот на разговорите продолжува и понатаму под покровителство на ОН и на амбасадорот Нимиц, и на идните разговори за решавање на ова прашање лидерските места на преговарачките тимови ги преземаат министрите за надворешни работи на двете земји, било истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со специјалниот претставник на ОН во разговорите за уставното име на нашата земја со Република Грција, Метју Нимиц.



Како што соопшти владината прес-служба, на средбата медијаторот Нимиц ги образложил своите идеи и размислувања за текот на процесот на разговорите.

Премиерот Заев ги претставил идеите и ставовите на Владата на РМ, како и размислувањата кои произлегоа од координативниот состанок на државно-политичкиот врв на Република Македонија, одржан минатата недела.

На средбата било нагласено дека во оваа фаза од разговорите е создаден позитивен момент, и дека двете земји покажуваат дека се посветени на натамошно градење на довербата.

- На разговорот меѓу Заев и Нимиц биле издвоени првите придобивки од средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос, кога од двете страни беше изразена политичка и добра волја за првите практични чекори како што беше најавеното преименување на автопатот, додека од страна премиерот на Република Грција беше најавено одблокирањето на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација, и можноста и Република Македонија да стане член на Јадранско-јонската иницијатива, се наведува во соопштението.

На средбата било посочено дека сега е време за решавање на ова прашање за кое се водат дискусии веќе 25 години и дека е неопходен прагматичен пристап и решение за да се постават основи за долгорочни и стабилни билатерални односи.

Премиерот Заев и медијаторот Нимиц се согласиле дека и понатаму треба да продолжи атмосферата на добра волја и на дијалог во процесот, на што повикуваат од НАТО и од ЕУ, и дека тоа е начинот да се стигне до компромис и до заемно прифатливо решение кое ќе го почитува националниот идентитет и дигнитет на двата народи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...