Потпретседателката на ЕИБ доаѓа во Скопје за да потпише грант за пречистителната станица

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје.

Павлова во интервју за МИА открива дека станува збор за најголем грант досега од ЕУ доделен за Северна Македонија според Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и дека со него се комплетира финансирањето на проектот, заедно со заемите од ЕИБ и ЕБОР.

- Овој еколошки проект е дел од Економскиот и инвестицискиот план и зелената агенда со цел да се забрза зелената транзиција и да се овозможат подобри услови за живот за околу 500.000 луѓе. Имплементацијата треба да започне наскоро, по завршување на фазата на набавка, вели Павлова во интервјуто кое подоцна ќе биде објавено во целост.

Потпишувањето на договорот ќе биде во Клубот на пратеници, а на него најавено е присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во интервјуто зборуваме со Павлова и за тоа колку е сигурен банкарскиот сектор по случувањата во Силиконската долина и Credit Suisse и кога може да очекуваме олабавување на монетарната политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...