Битиќи: Реконструкција на зградата на „Македонска пошта“ со европски фондови

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека реконструкцијата на зградата на „Македонска пошта“ ќе биде со европски фондови, и очекува во догледно време да има предлог до Владата.

На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во општина Кисела Вода, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во врска со апелите на евроамбасадорот Дејвид Гир да не се дозволи да пропадне зградата, Битиќи кажа дека веќе има формирано работна група.

-Евроамбасадорот во суштина бара да бидеме малку побрзи. Инаку, се работи, има работна група помеѓу Министерството за култура и „Македонски пошти“ за да се види начинот, како е возможно од друга институција да се инвестира во дел од објектот на „Македонска пошта“. Мислам дека се во финална фаза на елиминирање на правните недостатоци, што не овозможуваа досега да се интервенира и оти во догледно време, ќе дојдат со предлог до Владата и веќе да почне да се реализира инвестицијата. Инаку, таа ќе биде преку европски фондови, што, едноставно сакаат да ни помогнат, тоа што е културно наследство, да го зачуваме, истакна Битиќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...