Во ОУ „Јохан Хајнрих - Песталоци" ќе биде отворена книга на жалост по повод смртта на Вања Ѓорчевска

На службениот влез на основното училиште „Јохан Хајнрих - Песталоци" денеска од 9:00 часот ќе биде отворена книга на жалост по повод смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот, а синоќа Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајдено нејзиното тело.



-Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан, се вели во соопштението од Општина Центар.

Оттаму се бара целосно расветлување на случајот во најкус можен рок и одговорност од извршителите. Се повикуваат граѓаните да останат обединети и да не подлегуваат на шпекулации.

- Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања. Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединети во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека и е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, се наведува во соопштението од Општина Центар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...