Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија

Натамошниот напредок на Северна Македонија во процесот на евроинтеграција што е исклучително значаен за перспективите на граѓаните во државата, но и во регионален и посебно геополитички контекст, биле во фокусот на денешната средба на техничкиот премиер Талат Џафери со европратеничката Тинеке Стрик.



Ова, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, е втора средба на Џафери во својство на премиер со европратеничката Стрик, со која се сретна и во рамки на неговата прва посета на европските институции на 14 февруари 2024 во Брисел. Холандската европратеничка Стрик е дел од групата на Зелени/ Европска слободна алијанса, и член на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент и на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

На средбата била нагласена силната поддршка за продолжување на европскиот пат по завршувањето на изборите во земјата.

Џафери оценил дека Северна Македонија се наоѓа во важен момент од демократскиот развој и дека претседателските и парламентарните избори ќе го одредат правецот на државата, што со право се следи со интерес во регионот и во Европа.

Притоа, потенцирал дека Владата ги презема сите чекори, согласно законските надлежности, да осигура дека сите надлежни институции ќе овозможат спроведување фер и демократски избори со целосен легитимитет.

Европратеничката Стрик го поздравила постигнатиот напредок на Северна Македонија и одлично завршениот процес на скрининг, притоа ја нагласила итноста и важноста од продолжување на започнатиот пат од геополитички аспект, како и искористување на позитивниот момент и широката постоечка поддршка за проширувањето на ЕУ.

-Воедно, повика веднаш по завршувањето на изборите и формирањето на Собранието и Владата, Северна Македонија активно и забрзано да работи на спроведувањето на уставните измени и исполнување на реформската агенда, и заедно со соседите, да го заокружи патот кон членство во Унијата, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за важноста на Планот за раст на Западен Балкан и неговото усвојување во Европскиот парламент, како и за натамошното зајакнување на севкупната соработка на нашата држава со Европскиот парламент, вклучително и преку присуството на претставници од нашите собраниски служби во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...