Денеска сончево со температура до 38 степени, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.



Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, во текот на оваа недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе да купи таксени марки во трафика и ја прашува продавачката:
- Имате ли таксени марки од пет денари?
- Да!
- А колку чинат?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански...
1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик,...
1864.- Во Лондон е основана Првата...
1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од...