Ковачевски: СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот

СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот, рече пратеникот Димитар Ковачевски во општата собраниска расправа што почна попладнево, по експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.



Како што рече Ковачевски кој накусо ја образложи ваквата одлука, со ребалансот не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за зголемување на минималната плата, не се предвидени средства за исплата на договорните обврски за поддршка на инвестициите на домашните компании, намалени се средствата за земјоделски субвенции, намалени се и за 10 милиони денари средствата за здруженијата на инвалидни лица и за организациите кои се борат против семејно насилство и други поврзани области.

Ковачевски се осврна и на економските показатели, нагласувајќи дека според ребалансот, 4,9 проценти е дефицитот од планираниот БДП што е зголемување од една третина во однос на оригинално планираниот дефицит.

-СДСМ нема да ја одолговлекува расправата за ребалансот. Во текот на комисиската расправа, СДСМ и коалицијата поднесоа 58 амандмани од кои не беше прифатен ниту еден. Во делот на плати не се обезбедени срдетсва за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, не се определени средства за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,..., истакна Ковачевски кој ги спомна и новите четири министерства кои во тековниот буџет, напомена, немаат можност да исплатат плати на вработените.

Реплицираше Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги задолживте и живите и неродените. Сега 1,8 милијареди треба да се вратат само по основ на камата за направените задолжувања, истакна Здравковски.
Во претходниот дел од расправата, министерката Димитриеска Кочоска го оцени ребалансот како обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со истовремено обезбедување нормално функционирање на институциите и реализација на проектите кои што имаат соодветна динамика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...