Вреди: Фирма блиска со пратеник на Европскиот фронт во 2022 година добивала тендери во Државна лотарија

Бујаре Абази од Коалицијата „Вреди“, денеска на прес-конференција изнесе тврдења дека фирмата „Ритрон копи ДООЕЛ“, која била тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари.

– Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна лотарија, каде директор беше Прпарин Бајрами, десна рака на Артан Груби, рече Абази.

Посочи дека набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.

– Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри. Вкупната вредност, на само овие две набавки преку Државна лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари, истакна Абази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Висока жена среќава џуџе на забава и игра со него. По кратко време гледа дека тој и се допаѓа и покрај висината, па решава да го покани на кафе. Одат кај неа дома, и по кафето,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...