Четврто продолжение на кампањата „Засади желба”: Нова финансиска едукација и 4 нови пензиски паркови

Трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, неодамна го објавија почетокот на новата едукативна кампања „Засади желба за одржлива иднина“, во чиишто рамки до крајот на годината ќе има интензивни едукативни активности за македонскиот пензиски систем и ќе се засадат четири нови Пензиски паркови.



Денес беше раззеленет дворот на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин”, а свој парк наскоро ќе добијат и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и основните училишта „Јохан Хајнрих Песталоци” и „Љубен Лапе".

Веќе четири години, преку кампањата „Засади желба“, пензиските друштва ја едуцираат јавноста за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд, а нивните заеднички активности за јавно информирање и едукација се одржуваат девет години наназад.

Преку садењата на парковите, како и останатите активности во рамки на оваа кампања, тие дадоа една нова перспектива за грижата за сопствената иднина од финансиски, но и од еколошки аспект. Целта е, како што велат од пензиските друштва, да ги поттикнат, мотивираат и инспирираат младите генерации навреме да започнат да размислуваат за својата финансиска сигурност на стари години, но и да постават нови стандарди за подобра и поквалитетна средина за живеење.



Од 2021 година до сега објавени се голем број на едукативни содржини за пензискиот систем и засадени се десет Пензиски паркови во училишни дворови, еден во дворот на Архитектонскиот факултет, а на Денот за пензиска свесност во септември годинава и паркот Авионче беше збогатен со еден мини-Пензиски парк.

За време на денешното садење во „Раде Јовчевски Корчагин“, како претставник на пензиските друштва, на учениците им се обрати Иван Стојановиќ, член на Управниот одбор во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

„Никогаш не е доцна за да ја развиваме нашата финансиска писменост и токму со оваа кампања и со активностите кои се дел од истата, континуирано сакаме позитивно да влијаеме на различните генерации, а посебно помладите, кои во иднина ќе бидат и наши потенцијални членови.



Ние од пензиските друштва заедно со регулаторот МАПАС сме активни учесници во креирањето на пензиските политики и веруваме дека овие генерации во кои што сега вложуваме, ќе имаат појасна слика за реформата, ќе изградат добри навики за управување и инвестирање на нивните финансии, со што ќе се зацврсти довербата во системот и во пензиските друштва“ – изјави Стојановиќ.

Во оваа прилика директорката на гимназијата изрази благодарност до пензиските друштва.

„Големо задоволство и радост ни е, што оваа година и нашата гимназија СУГС ,,Раде Јовчевски - Корчагин" е дел од кампањата Засади желба за одржлива иднина. Нашата одговорност и света должност е да им оставиме чиста иднина на нашите деца и да ги научиме да ја чуваат природата. Голема благодарност до организаторите оваа зелена кампања, КБ Прво пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и Сава пензиско друштво, кои го одбраа нашето училиште да биде дел од училиштата со свој Пензиски парк.

Само со вакви активности на дело заеднички ќе придонесеме младите да научат како да ја засадат својата иднина, да ја негуваат и да ги користат благодетите од неа. Токму ваквите општествено одговорни организации придонесуваат за подигнување на свеста кај децата за здрава и еколошки чиста средина“ –истакна Елена Стојанова – Димитров.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ се достапни на веб страницата www.penzija.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...