Две лица вработени во Зоолошка со симптоми, негативни за птичји грип

Две лица, вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).



Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина.

- На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. ИЈЗ излезе со препораки до граѓаните за заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој старец кој никогашне бил
на лекар оди на преглед.Влегува
во болницата и застанува на
шалтер,а сестрата го прашува:
-Повелете господине.
-Сакам да разговарам со...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
42. п.н.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут...
1596.- Турската војска на султанот Мухамед ИИИ...
1764.- Во Париз умре Жан Мари Леклер, француски...
1817.- Роден е францускиот лексикограф и...