Ќе го заштитиме стандардот на граѓаните и по завршување на есенската кошница

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на енормно зголемување на цените на прехранбените производи по завршувањето на есенската потрошувачка кошница на 31. месецов.

- Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски, на новинарско прашање пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Со одлука на Владата, за 73 прехранебни производи опфатени со есенската потрошувачка кошница бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Тие производи во марткетите се обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1751.- Роден е англискиот писател и политичар од...
1762.- Роден е францускиот писател Андре де...
1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ...
1839.- Роден е францускиот сликар од англиско...