ЕК Извештај: Oстанува важно спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија

Добрососедските односи и регионалната соработка се сметаат за суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија, бидејќи придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследството од минатото, оценува Европската комисија.



Во новиот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ во овој сегмент се нотира дека земјата продолжи да се ангажира во голем број регионални иницијативи за соработка како што се Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Енергетската заедница, Транспортната заедница и Регионалниот совет за соработка. Во јули 2023 година, земјава го презеде едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а исто така, активно учествуваше во иницијативи како што се Централноевропската иницијатива и Центарот за безбедносна соработка.

Државата е оценето дека активно се вклучила во регионалната димензија на Планот за раст за Западен Балкан, активно учествувала и на министерските и на лидерските состаноци и била домаќин на состанокот на лидерите во февруари во Скопје.

На Заедничкиот регионален пазар, во октомври 2023 година за прв пат во регионот во Тирана се одржа Самитот на Берлинскиот процес. Донесен е договор за признавање на професионални квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки. Патоказот за роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ влезе во првата фаза на имплементација. Земјава ратификуваше три од четири договори за мобилност потпишани на Самитот на Берлинскиот процес во ноември 2022 година и ги депонираше поврзаните инструменти за известување. Заедничкиот комитет на ЦЕФТА во октомври 2024 година договори 12 големи одлуки.

Во јануари 2024 година, се посочува, Северна Македонија, Албанија и Србија го потпишаа првиот Протокол за имплементација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан.

Генерална оценка е дека државава одржува добра соработка и билатерални односи со другите земји од проширувањето и соседните земји-членки на ЕУ.

За односите со Бугарија и Грција како соседни држави членки на ЕУ, се потенцира дека останува важно спроведувањето со добра волја на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Договорот од Преспа.

-Односите со Бугарија се фокусираа на следните чекори во процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Опипливите резултати и спроведувањето на билатералните договори со добра волја, вклучително и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол, остануваат важни. Во октомври 2023 година во Скопје се одржаа состаноци на експертските работни групи за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол. Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања одржа неколку состаноци во текот на периодот на известување. Во последните месеци, на односите меѓу двете земји негативно влијаеа изјавите на поединечни политичари. Потребни се дополнителни напори за промовирање на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, оценува ЕК.

Соработката со Грција, се посочува, се интензивираше, особено во клучните области од заеднички интерес. -Опипливите резултати и спроведувањето со добра волја на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа, остануваат важни. Во март 2024 година, во Скопје се одржа осмиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Во мај, додека полагаше заклетва во Парламентот, новоизбраниот претседател на Северна Македонија ја нарече земјата како „Македонија“, наместо да го користи уставното име, практика што подоцна ја следеа неколку владини функционери, а која претставува главно прашање во спроведувањето на Договорот од Преспа. Двете земји ја интензивираа соработката за изградба на интерконектор за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција и во однос на Терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александруполи, оценува ЕК.

За односите со Албанија, се наведува дека останаа добри. Двете земји прославија 30 години дипломатски односи, а потпишаа и неколку договори за заедничка соработка во повеќе области, вклучувајќи ја безбедноста, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, образованието, науката и културата. Со Босна и Херцеговина односите продолжуваат да бидат добри. Во сила се неколку билатерални договори, вклучително и за соработка за интеграција во ЕУ и од ноември 2023 година за економска соработка. Соработката со Косово, се наведува, продолжува да биде сеопфатна и конструктивна, со неколку состаноци одржани на највисоко ниво. Пред претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија во мај 2024 година, премиерот на Косово Курти се сретна со претставници на опозициските партии.

Односите со Црна Гора останаа добри. Во текот на извештајниот период беа одржани средби на високо ниво меѓу претставниците на двете земји. Земјава има добри односи и со Србија со која беа потпишани Меморандум за соработка за брзата пруга Скопје-Ниш и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси. Односите со Турција се добри. Северна Македонија отвори почесен конзулат во Амасија и во Анталија. Средби на високо ниво помеѓу претставници беа одржани во текот на извештајниот период. Во септември 2024 година, турскиот министер за надворешни работи го посети Скопје и се сретна со својот колега, изразувајќи ја целта за зајакнување на економската соработка и зајакнување на трговската размена меѓу двете земји.

За односите со Украина се посочува дека се интензивирале откако Русија ја започна својата агресивна војна против земјата. Северна Македонија обезбеди хуманитарна и воена помош и е целосно усогласена со пакетот рестриктивни мерки на ЕУ против Русија. Скопје и Киев имаат договори за трговија, заштита на инвестициите, култура, образование, туризам, транспорт и воена соработка. Безвизен режим за краток престој е воведен од 2019 година.

Односите со Грузија се добри. Има договор за култура. Односите со Република Молдавија се исто така добри, двете земји имаат договори за транспорт, трговија, царина, финансии, медицина и здравство, полиција, надворешни работи и конзуларни прашања, а нема договор за безвизен режим меѓу двете земји, се наведува во Извештајот на ЕК за напредокот за земјава на патот кон ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот...
1515.- Умре Мариото Албертинели, италијански...
1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски...
1911.- Италија ги анектира турските покраини во...