ВЛЕН: Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти

Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се очајни и изморени НЕдемократската Унија за ДЕЗинтеграција и сателитите на оваа партија, Зиадин Села, ја започнаа операцијата за поделба на нивните патишта.



Едниот организира половично полни сали, а другиот избира што помали простории и изнесува безвредни мислења дека институциите во нивните очи се гледаат како воен плен кој може да се бара за избори кога ќе им текне!

ДУИ го носи печатот на неуспехот во Куманово. Али Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти и за одржување на удобноста на својата фотелја.

Каде беше ДУИ, кога се случи случајот Сопот да ги заштити Кумановците? Каде беше ДУИ кога гореше Диво Населје?

Смртта на Реџаил Ќерими го носи и печатот на ДУИ каде дури и супер вештачењето докажа дека тој не е виновен во случајот Алфа. Каде беа Ахмети и ДУИ да се борат за неговиот поранешен соборец да ги добие правдата и слободата?

Каде беше Ахмети кога малиот Алмир беше усмртен од Бобан Илиќ во Куманово и делото преку ноќ од убиство со умисла се претвори во сообраќајна несреќа со смртни последици?

ДУИ 20 години придонесе енормно да се испразни Куманово и околината од младите Албанци без надеж дека еден ден ќе биде добро.

ДУИ 20 години ги лажеше родителите, професорите и учениците дека ќе ја градат гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово. Тоа не се случи две децении, додека коалицијата ВЛЕН не ја разбуди локалната власт, за веднаш да започне процесот на изградба на ова училиште.

Собата 161 им стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада наместото на ВРЕДИ со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година. Објавувањето на овие постоечки сведоштва го означува крајот на оваа застарена политичка елита.

Коалицијата ВЛЕН смета дека наместо предвремени избори, е идеално време за одговорност за досегашното лошо владеење.

ВЛЕН е ПРОМЕНАТА за Албанците!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот...
1515.- Умре Мариото Албертинели, италијански...
1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски...
1911.- Италија ги анектира турските покраини во...