Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

- Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, изјави Тошковски во одговор на новинарско прашање дали и на други вработени ќе се прошири истрагата за протекување на информации од МВР кон кланот Грчец.

Посочи дека на вчерашната седница на Советот за безбедност не беше дискутирано за 500-те сертификати што ги приложиле сегашни и поранешни министри за кои вчера кажа дека ќе се проверуваат. Не сакаше да прецизира за каков вид на проверки станува збор.

- Сега за сега мислам дека е доволно тоа што го кажав вчера, рече Тошковски и додаде дека ќе се проверуваат сертификатите за сите актуелни и поранешни функционери за кои има информација дека дале погрешни податоци.

Прашан дали сертификатите се поврзани со безбедноста на државата, рече дека за тоа не станало збор на седницата на Советот за безбедност како тема која е поврзано со надлежноста на Советот.

- Дискутиравме за оние прашања кои се од надлежност на Советот за безбедност, изјави Тошковски и посочи дека нема ништо да додаде на соопштението што беше испратено до медиумите по вчерашната седница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот...
1515.- Умре Мариото Албертинели, италијански...
1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски...
1911.- Италија ги анектира турските покраини во...