Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција

На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција.



Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности.

-До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот.

Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да.

-На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот.

Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“.

Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје.

-Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој.

Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот.

Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата.

-И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција.

Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски.

-Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот.

Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не.

-На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој.

Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра.

-Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот.

Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал.

-На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот.

Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата.

Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот.

-Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот.

Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил.

-Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот.

Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно.

-Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот.

На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта.

Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“.

Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков.

Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ.

Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор.

На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски.

Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе фатил женска и ја поканил вечерта дома.
Утре дента другарите го прашуваат:
- Како помина бе Трпе.
- А бе лудница, што да ви кажувам.
- Колку пати сврши, а?
- Па да ви...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1602.- Роден е германскиот физичар и пронаоѓач...
1759.- Британската флота ја порази француската...
1780.- Велика Британија и објави војна на...
1818.- Латиноамериканскиот револуционер и...