Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.



Нагласи дека ќе бидат поддржани компании кои ќе вложат во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба. Максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра што значи дека кредитот ќе биде до осум милиони евра, а останатите два милиони евра ќе бидат од сопствено учество. Каматната стапка од 1,95 отсто ќе биде фиксна независно од сумата на парите која ќе ја добијат од кредитот.

- Со дел од банките обезбедивме историски најниска камата од 1,95 проценти под услови до три години грејс период во кои ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата. Мислам дека е тоа добро за економијата имајќи во предвид дека обврска на компаниите е проектот да го финансираат со најмалку 20 отсто сопствени средства. Со тоа станува збор за најмалку 300 милиони евра инвестиција, а кога на тоа ќе се додадат уште 500 милиони евра што ги реалоцираме од Буџетот кон општините стануваат 800 милиони евра, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нова градинка во наслебата Расадник во општина Кисела Вода.

Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди евра, додаде, станува збор за средства во износ од 5 проценти од БДП кои треба да бидат инвестирани во текот на оваа и следната година.

-Тоа е алатката со која ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа. Од аспект на енергетските ресурси кај нас мислам дека е оптимална состојбата и дека зимава ќе ја поминеме без поголеми потреси и проеметувања на пазарот. Подготвени го пречекуваме тоа и можеби сме први во регионот и во Европа, оцени Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас н&ицирц; учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...