Кешишов: Изјавата не е моја, Палчо ми даде ливче да го напишам со мој ракопис

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.



Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв.

- Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“.

Неговиот бранител, адвокат Игор Ефремов, по завршувањето на денешното судење изјави дека Судот побарал од Министерството за внатрешни работи транспортот на обвинетите да се врши со четири комбиња и секој да се транспортира одделно.

-Токму поради вакви влијанија и дополнително, сметам деак дадената изјава поднесена од обвинетиот е предмет за обвинителство, да ги испитаат ваквите постапки и сомнежи, рече адвокатот.

Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.

- Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие.

Кешишов е еден од обвинетите за грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...