Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.



-Тоа не е вистина. Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од само 1,6 проценти. Меѓутоа, тука има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и ние веќе сега, граѓаните плаќаат камата на пари кои не се поделени и е прашање кога и за кој временски период ќе се поделат до компаните и кои се критериумите врз основа на кои што компаниите ќе ги добијат, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Филипче смета дека зголемувањето платите од 10 проценти во здравството е добар чекор, но како што рече, не е доволно.

-Тоа е еден анекс на Колективен договор што требаше да се потпише уште за време на претходната Влада. Тоа беше процес што го преговараше претходната влада со Синдикатот за здрравство. За жал, тогаш тоа не се направи поради тоа што започна изборниот процес. Станува збор во еден дел и за зголемување односно усогласувањето со минималната плата, односно со просечната плата. Сметам дека тоа зголемување од 10 проценти на вкупната сума која што е наменета за зголемување на платите во здравството, е добар чекор, но не е доволно. Навистина сметам дека оваа Влада, во еден момент министерката за финансии изјави дека треба да се зголемуваат платите само на средно медицинскииот персонал, техничкиот персонал, но не и докторите поради тоа што оние добиле навистина големо зголемување на платата за време на нашиот мандат. Такво процентуално зголемување на плати на докторите немало никаде во Европа. Апсолутно сметам дека министерката треба да го напушти тој став и дека треба огромна инвестиција и понатаму да се прави кај сите кои работат во здравствениот систем. Се друго значи дека тие шансата ќе ја гледаат понатаму во приватните болници или да заминуваат во странство, рече тој.

Како што посочи Филипче, ако не се мотивирани докторите и сестрите да работат со континуирано зголемување на платите, нема да бидат задоволни ниту пациентите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Децата од Тошовата улица го научиле дека е педер и секојпат кога поминувал по улицата, му викале: *Тошо - педерот, Тошо - педерот!*
Еднаш излегол Тошо да прошета со неговото...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1504.- Умре шпанската кралица Исабела I...
1648.- Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот...
1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна...
1812.- Француската војска предводена од Наполеон...