Гаши: Собранието е подготвено за донесување на уставните измени, доколку има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.



-Мислам дека јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието веднаш штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата, рече Гаши коментирајќи ја вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот.

Гаши смета дека веќе имаат обезбедено потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

-Мислам дека имаме две третини. Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече Гаши.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми вчера истакна дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија. На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На погребот на една лоша жена, која го малтретирала сопругот, само што го спуштиле ковчегот почнало да грми. Вдовецот ја кренал главата кон небото:
-Изгледа дека веќе стигнала!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на солидарноста со...
1314.- Умре францускиот крал Филип IV Убавиот,...
1516.- Во Венеција умре италијанскиот сликар...
1543.- Умре германскиот сликар Ханс Холбајн...