Митева: Годинава имаме можност да стигнеме до една милијарда евра директни странски инвестиции

После долги години на дното оваа година за првпат имаме можност како држава да стигнеме до прилив од странски директни инвестиции до една милијарда евра, оцени денеска портпаролката на Владата Марија Митева.



-Странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари – септември достигнаа 838 милиони евра што е зголемување од 348 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминатите 20 години. Податоците покажуваат дека само во третиот квартал оваа година приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281 милион евра, рече Митева на прес-конференција.

Ваквиот прилив, додаде, се должи на економската и политичката стабилност која ја презентираме како Влада, на предвидливоста и стабилноста која ја имаат компаниите, на посветеноста и заложбата во процесите и пристапот кон нулта толеранција за корупција, кои беа индикатори за намалени инвестиции во годините наназад.

-Во овој период се бележи зголемен нето прилив врз основа на меѓукомпаниски долг што во годините претходно можеше да се забележи како одлив. Овој прилив е во вредност од 219 милиони евра. Имаме и прилив врз основа на сопственички капитал од 39,9 милиони евра и реинвестирана добивка од 22 милиони евра , рече Митева.

Порача дека за само неколку месеци како Влада успеале да склучат договори со многу инвеститори и како пример ги посочи „Алказар Енерџи“ кои ќе градат ветерен парк со 55 ветерници на просторот меѓу три општини – Штип, Карбинци и Радовиш и во текот на изградбата се очекува да отворат 630 нови работни места. Ја спомена и „Епсотек“, новата германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра која ќе отвори нови 110 работни места, новата инвестиција на „Костал“ од 45 милиони евра со нови 250 вработувања. Најави дека ќе продолжат посветено да работат на привлекување на нови странски инвестиции и додаде дека во следниот период се очекуваат многу нови инвестиции.

-Инвестираме и во домашните компании преку кредитната линија од 250 милиони евра. Сите овие економски политики ќе донесат забрзан раст, зголемено производство и подобар животен стандард на граѓаните, посочи Митева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Лекарот го прашува Влавот:

- Ви помогна ли лекот?
- Да, да, реумата веднаш ја снема; жена ми повеќе не
. .кашла, а со остатокот ги изми чиниите!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост...
Верски календар
На денешен ден
1154.- Николас Брекспир, е првиот и единствен...
1547. - Во Севилја умре Херман Кортес, шпански...
1567. - Во Кремона е роден Клаудио Монтеверди,...
1642. - Умре Арман Жан ди Плеси Ришелје,...