Престедателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека би ја поддржал идејата на претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој повика на заедничка, натпартиска стратегија со која би се гарантирал долгорочниот развој на државата.
-Да, ќе поддржам. Јас поддржувам такви идеи кога се работи за државнички пристап кон работите, но ќе видиме како ќе реагираат. Сепак, како претседател на Собранието не сакам да се инволвирам во вакви прашања. Јас би поддржал, би учествувал ако мислам дека можам да помогнам. Но, не мислам дека треба да коментирам политички изјави на други политички актери во државата, рече Гаши.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера повика на заедничка, натпартиска стратегија која „ќе го гарантира долгорочниот развој на државата и ќе ги обедини политичките партии околу реални и издржани планови“. Идејата за ваква стратегија тој ја соопшти на прес-конференција, со став дека наместо вистински национални платформи во изминатите шест месеци имало политички поделби. Според него, СДСМ „нуди реално решение кое се темели на заедништво и долгорочна визија“.