Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар

Од водите на Вардар попладнево околу 15 часот во близина на местото на несреќата, пронајдено е телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа што вчера се случи околу 16 часот, кога патничко возило „ауди“ излета од патот Сарај-Рашче, потврди Министерството за внатрешни работи.



По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено на судска медицина од каде треба да се добие потврда за идентитетот на лицето.

- Откако од водите на Вардар беше извлечено уште едно тело на починато машко лице, патник во автомобилот кој излета вчера кај Рашче, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција и на оваа четврта жртва на тешката несреќа. Се работи на утврдување на причините, се наведува во информацијата од ЈОРСМ.

Во потрагата по четвртото лице од несреќата учествуваа и припадници на армиските Волци.

Јавното обвинителство утрово соопшти дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар синоќа биле извадени три починати женски лица, за кои била издадена наредба за обдукција. Се трагаше по уште едно лице. Во автомобилот патувало и дете, кое било пронајдено повредено надвор од возилото и пренесено на Клиничкиот центар.

Директорот на Детска хирурија Лазо Јовчески за МИА изјави дека детето е во стабилна општа состојба, не е во витално загрозувачка состојба и наскоро треба да биде пуштено на домашно лекување.

-Детето е во стабилна општа состојба, не е витално загрозено. Од денеска се наоѓа на оддел, значи не е повеќе на интензивна нега. Очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување. Вчера имаше интензивен мониторинг, денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, стабилно е, мислам дека сѐ ќе се разреши поволно за детето, кое има пет години, рече Јовчески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе ја изгубил жена си во Веро. Застанал до една згодна жена и ...
- Може да се запознаеме? Јас сум Трпе...
- Марш, манијаку ни заеден, најде баш овде да ми се пушташ.
- Е па...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1169.- Франција и Англија склучија мир по...
1367.- Роден е англискиот крал Ричард Втори, кој...
1392.- Скопје падна под османлиска власт и стана...
1412.- Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк),...