Андоновски против забранување апликации како „Тикток“, но опцијата „стои на располагање“

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски попладнево изјави дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, можноста за нешто такво на надлежните „им стои на располагање“. Тој на прес-конференција беше прашан дали поради опасните предизвици на „Тикток“, се размислува за рестрикции по училиштата.



Андоновски рече дека веќе е изработено упатство што било споделено со Педагошката служба од Министерството за образование и наука. Имало неколку средби со претставници на Министерството.

- Ова упатство ќе биде насочено кон сите наставници во сите училишта, основни и средни, да поразговараат со децата, со учениците за предизвикот што се случува со социјалните медиуми, затоа што ова се алатки со неограничени можности. Но, за жал, никој од нас никогаш не бил обучен како правилно да ги користи. Тука започнавме со упатството, истото ќе го објавиме и на нашата веб-страница, ако не е веќе објавено. Има и код што води до корисни веб-страници или алатки, што родителите можат да ги користат за да им го ограничат пристапот на секое од децата. Што значи ако може да ограничат во семејството конкретни веб-страници или апликации, да не можат да се симнуваат или да се употребуваат. Сметавме дека ова треба да биде првиот чекор, појасни министерот.

Вториот чекор, како што истакна, е центар за побезбеден интернет што дополнително ќе дава ресурси и помош на овие деца. Тој очекува да се формира до крајот на годината, нагласувајќи оти се работи на физибилити студија со партнерите.

- Третата можнсот што ни стои на располање - целосна забрана на овие апликации. Кажав дека сум против нарушување на нет неутралноста и заземање страна во поглед на забранување аплкации. Затоа што ако забраните една апликација, голема веројатност е децата да се префрлат на некоја втора, а државата не смее да биде таа што постојано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството. Но, ако забележиме дека овие мерки што сега ги преземаме не се доволни, секако можеме да го задржиме правото со одредени измени во Законот за електронски комуникации да преземеме и вакви мерки, одговори Андоновски.

Прашан во врска со измамите за злоупотреба на лични податоци, дали се презема нешто на ова поле, Андоновски повика тие да се пријавуваат во МВР.

Министерот рече дека ги поттикнува граѓаните да ги пријавуваат онлајн измамите во Министерството за внатрешни работи. Андоновски алармираше да не се наседнува на измамите, да се проверува неколкупати пред да се стисне на некој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Шкот по улица и среќава пријател исто така Шкот, па го прашува:
- Каде бе пријателе?
- Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
- Море...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети...
1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во...
1561.- Роден е Франсис Бекон, англиски филозоф,...
1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од...