Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово

Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина - последна доза пред повеќе од три години.

Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица.

Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, регистрирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.

- Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, нагласуваат од ИЈЗ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1648.- Со потпишувањето на договорот во Минстер...
1649.- На англискиот крал Чарлс Први Стјуард,...
1830.- Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од...
1835.- Претседателот на САД Ендрју Џексон го...