На социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи

По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора. Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува повиците за бојкот, особено што, како што вели нејзината претседателка Мирјана Лончар, граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.

- Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени, вели Лончар во изјава за МИА.

Одите во продавница, особено во големите супермаркети, вели Лончар, и не знаете која цена ќе ве пречека.

- Иако знаеме како се формираат цените на производите сепак постои нешто што се вика стандард на граѓаните. Се надеваме дека Владата ќе ги поддржи граѓаните и ќе се направи нешто подолгорочно. На пример пролетна кошничка која би важела три месеци наместо еден, вели Лончар. Таа потенцира дека за намалување на цените треба да се земат цените на производите од ноември минатата година.

Втората мерка што ја предлага претседателката на Организацијата на потрошувачи е да се провери дали големите ланци на супермаркети имаат меѓусебен договор во однос на зголемувањето на цените. Според Лончар, мерките што би се преземале треба да бидат утврдени заедно со синдикатите и Организацијата на потрошувачите на Македонија.

За ова денеска се огласија и партиите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите и велат дека институциите ќе ги истражат сите злоупотреби. Додаваат дека нема никаква економска причина за зголемување на цените надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

Од СДСМ, пак, оценија дека акцијата за бојкот на маркетите се прелева и кај нас бидејќи Владата не ги заштитила граѓаните од зголемувањето на цените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1325.- Основан е градот Теночтитлан, престолнина...
1572.- Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ,...
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски...
1741.- Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син...