Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за онкологија. Таравари вината ја префрли на претходното раководство и остро ги критикуваше настапите на опозициската СДСМ поврзани со „случајот“ Онкологија.

- Јас не знам како министерот Филипче има лице и кредибилитет да излезе и да критикува за нешто што во неговиот мандат беше најголем скандал во министерството за здравство во последниве 3-4 години. Тоа што настана во Онкологија е скандал пар екселанс и мене ми е жал што сè уште нема едно судско решение. Во меѓувреме ние се трудиме таму да ги решиме работите и лековите да не се земаат на реверс, рече министерот Таравари.

Тој напомена дека порано лековите на Онкологија кои чинеле многу не се набавувале според процедури и како што напомена таа практика ќе биде прекината. - Биолошката терапија е многу скапа. Не може да ја препише лекар кога ќе му текне, треба да има конзилиум на лекари кои ќе кажат дека тука е индицирано и треба да се земе таа терапија. Зошто? Ова е скапа терапија што ја плаќаме од државниот буџет и треба да ја земат тие случаи кои имаат потреба. Интервениравме и денес, неколку од тие онколошки лекови се на Клиниката за онкологија. Други утре ќе ги донесеме, бидејќи на дистрибутерите им треба време, а некои в понеделник. В понеделник ќе бидеме 100 отсто комплетирани, рече министерот Таравари.

Според него преземени се мерки за злоупотреби на скапите лекови, да се продаваат или даваат таму каде што нема потреба од биолошка терапија и напомена дека се работи на регистар на сите пациенти кои имаат потреба од вакви лекови или се третираат со вакви лекови. Тој во одговорот на пратеничкото прашање наброја што сработиле како Влада и напомена дека меѓу првите задачи било решавањето на проблемот со гасната станица на хирургија, болницата во Штип, барањата на синдикатите за повисоки плати и дополнување на позитивната листа на лекови.

Таравари најави дека во тек е решавањето на прашањето со вработените на дело (околу 1.500), а за, како што рече 1.200 ќе се решат наскоро.

- Здравствените институции ги менуваат систематизациите, за да ги адаптираат и да објават конкурс и тоа да помине административно. Од премиерот има дозвола до крајот или средината на март, јас мислам дека ќе се реши овој проблем, рече Таравари.

Првиот човек на македонското здравство посочи дека се работи на стратегија, среднорочно и долгорочно решение на здравството. За плановите и инвестициите во Министерството тој наброја неколку проекти за подобруваме некои оддели, Дигестивна, Урологија, Ургентниот центар во Клиничкиот центар, за болниците во Кичево и Штип, за болницата во Струмица и Св. Еразмо, за доопремување на болниците во Гостивар и Тетово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После 2 дена чекање пред пасошко, доаѓа човек на ред.
Службеничката нервозно:
- Господине, не сте го напишале вашето име и презиме на картончево!
- Не знам ништо, не сам га...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1747.- Во лондонската болница „Лок“ е отворена...
1797.- Во Лихтентал до Виена, е роден Франц...
1808.- Дубровничката Република и формално...
1882.- Родена е руската балерина Ана Павловна...