Камбовски: Ќе се разгледува секој предмет и секаде каде има пропуст ќе се санкционира

Претседателот на Судски совет Александар Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа.

- Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или заклучоци. Не се добри да се прават такви некои брзи промени во законот, рече Коцевски прашан за револтот кај јавноста во врска со случајот со Фросина Кулакова, која беше жртва на сообраќајна незгода и за тоа дали ќе се воспостави ред во судството, поради изрекување на казни за сторителите коишто често одат под определениот минимум.

Прашан конкретно за судиката Алексоска Стојановска дека дала преблага казна во претходен случај за сторителот на ова дело и дали ќе се истражува нешто околу таа цела ситуација, тој истакна дека не е запознаен со случајот, кои биле доказите, каков бил настанот и не би се осудил да коментирам во врска со одлуката се додека не го види целиот предмет, но рече дека ќе се разгледува секој случај каде има пропусти.

- Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат, вели Камбовски.

Во однос на тоа дали ќе отворат истраги за корумпираност во одредени случаи и за тргување со влијание, тој посочи дека одговорно за истрагите за корупција е Јавното обвинителство.

-Тие се комплицирани истраги коишто во суштина ги води друг орган - Јавното обвинителство. Ние чисто ја следиме работата на судовите, а доколку добиеме сознанија за таква појава, веднаш тоа ќе го препратиме до ЈО. Не можеме ние да водиме истрага во насока дали некој бил корумпиран или не. Доколку имаме какви било сознанија ние тоа го препраќаме до ЈО, кое понатаму во редовна постапка, бидејќи судијата не е над другите луѓе, не е над законот, тој е граѓанин како и сите ние. Доколку згрешил спрема законот нормално дека ќе одговара, подвлекува Камбовски.

За тоа дали мисли дека се прениски казните за вакви дела со настрадани во сообраќајни несреќи, тој посочува дека е во прашање казнената политика на судовите, и оти е потребна официјална анализа која треба да ја покаже состојбата.

-Тоа е веќе казнена политика на судовите која секако трпи промени. Казната која што ја предвидел законодавецот е најмалку четири години, значи може да се оди до максимумот којшто законот го предвидел, а тоа е 20 години. Така да не е баш блага казната. За кои казни судовите се определеуваат за тоа ни недоставува официјална анализа да видиме дали вистина секогаш се оди кон поблаги казни. Но, не е ни тоа решение, ако мислиме дека само со драконски казни ова ќе го решиме, ова нема да се реши. Имаме подлабок, поголем проблем, не е ова само проблем на благи казни, само на постапување на судовите, ова е проблем на целото општество и треба сите ние кои сме чинители да размислиме што може да направиме ова да не се повторува во иднина, вели Камбовски.

Прашан дали Судски совет ќе ја повика на разговор конкретната судијка тој не сакаше да прејудиуцира за постапките на Судскиот совет за предметот.

-Ние будно следиме, цело време, што не значи дека ќе отвораме некоја постапка против судиката или нема да отвораме. Не сакам сега да прејудицирам, вели претседателот на Судски совет.

Претседателката на Академија за судии и обвинители Ирина Трајковска Стрезоски прашана дали смета дека со заострени казни во законот ќе се подобрат состојбите и дали на тој начин ќе се избегне самоволието на судиите, оцени дека пожелни би биле построги казни за сторителите и оти е подготвен нов кривичен законик.

-Не станува збор за самоволие на судии, сите судии се професионалци кои работат согласно законот. Сметам дека би биле пожелни построги казни. Изготвен е веќе кривичниот законинк, даден е на превод и треба до крајот на годината да биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа да почне постапка за негово донесување. Тоа е одлука на Парламентот, вели Трајковска Стрезоски.

Дали е можно да се бара одговорност кај судиката како што бараат граѓаните во однос на првиот случај со младиот возач, таа кажа дека за одговорност на судијата сега не би требало да станува збор, затоа што како што вели, судиката ја познава лично, професионално работи, ја смета за една од подобрите судии, но сепак, вели, тоа е одлука на Судскиот совет.

Дваесет и двегодишната модна дизајнерка од Неготино Фросина Кулакова минатата недела беше прегазена на пешачки премин од страна на дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Во Скопје вчера се одржа втор мирен собир, кога граѓаните запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина поставена на местото каде што таа беше прегазена. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие и тогаш маршираа до Собранието и Кривичниот суд и побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Собири деновиве се одржаа и во Неготино, родниот град на Фросина, како и во Кавадарци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...