Генерално чистење во Општина Кисела Вода, во најава и акција за бесплатно подигнување кабаст отпад

Општина Кисела Вода денеска започна со акција за генерално чистење на јавните површини, улиците и парковите на својата територија, со цел да обезбеди почист и поздрав животен амбиент за граѓаните.



Како што соопштија од Општината, активностите започнаа од населбата „Цветан Димов“ и во наредниот период ќе бидат опфатени сите 15 населби и населени места во општината. Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини. Се мете и рачно, но и со новите метларки што неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Се перат плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад.

За жал, посочуваат, се санира и несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните простори. За околу две седмици од локалната самоуправа ќе организираат нова акција за бесплатно подигнување на кабаст отпад, којшто потоа ќе биде соодветно складиран на депонија, за што граѓаните ќе бидат дополнително известени.

-Обезбедувањето на чиста и здрава средина за граѓаните е наш врвен приоритет. Денес започнавме со темелно чистење на улиците, парковите и јавните површини, а овој процес ќе се спроведува низ целата општина во наредниот период. Со новонабавените метларки и со ангажманот на нашите сезонските работници, Кисела Вода станува почисто и поуредено место за живеење. Истовремено, апелираме до граѓаните да покажат поголема свест и одговорност во одржувањето на хигиената во нашите населби. За оние кои имаат потреба од отстранување на кабаст отпад, општината во наредните две недели ќе организира специјална акција за негово бесплатно подигнување. Остануваме посветени на создавање на уредна и еколошки одржлива општина, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

По денешната акција во населба Цветан Димов, утре активностите продолжуваат во населба Драчево, во четврток во Расадник и 11 Октомври Згради, а следната недела акцијата ќе продолжи и во сите останати месни и урбани заедници согласно веќе изготвениот динамички план, наведуваат од Општина Кисела Вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе сакал да зафркава луѓе по телефон, па се јавува и вика:
- Ало, добар ден.
- Добар ден.
- Ви работи фрижидерот?
- Да, работи.
- Епа, дајте му плата!

* * *
Дечко си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
211.- Умре римскиот цар Лук Септими Север...
1746.- Роден е полскиот национален јунак Тадеуш...
1783.- Велика Британија во Париз го потпиша...
1789.- За прв претседател на САД е избран Џорџ...