Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.



- На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!, објавено е на официјалниот фејсбук профил на премиерот Мицкоски.

Спроведување на коренити реформи во правосудството и распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, беше едно од ветувањата во предизборната програма и клучен приортитет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски...
1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски...
1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски...
1868.- Умре францускиот физичар Жан Бернар Леон...