Таравари најави разрешување на уште директори на ЈЗУ

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа.



- Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.

Министерството за здравство на 4 февруари информираше дека е сменета директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата - „Козле“.

- Министерството за здравство информира дека за нова директорка на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата - „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка, д-р Каролина Симоновска, беше наведено во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски...
1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски...
1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски...
1868.- Умре францускиот физичар Жан Бернар Леон...