Кај 69-годишен пациент, извршена е трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза. Пациентот е со уреден постоперативен тек, информираат денеска од Министерството за здравство.

- Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник инструментарка Биљана Троановиќ, сестра-анестетичар, Мерита Рамадами, болничар Дардан Сељмани и радиолошки техничар, Крешник Шеху, наведуваат од Министерството за здравство.
Во писмената изјава на националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, таа изразува благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација.
- Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување, да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на живот, кога семејството е во голема болка од загубата, секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина, додава Кузмановска.