Претседателот на СДСМ Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврдила Централната изборна комисија.

Комисијата одржала седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.
-Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: 1. Венко Филипче, соопштија денеска од СДСМ.
Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии.
СДСМ, велат оттаму, е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што, како што нагласуваат, говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.