Перименопаузата конечно добива заслужено внимание – формирана првата стручна група

По првпат во Македонија, со поддршка на ХЕРА и МАГО e формирана стручна група која координарано ќе работи на водич за унапредување на здравствената грижа на жените во периодот на перименопауза.



Перименопаузата е многу важна, но досега занемарена тема во женското здравје кај нас. Стручната група за перименопауза, е составена од водечки експерти од различни медицински области (двајца гинеколози од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, матичен гинеколог, ортопед и психијатар од Универзитетската Клиника, ендокринолог и матичен лекар), преку која се поставува основа за системски и координиран пристап кон ова значајно животно поглавје за жените.

Во текот на следниот период, групата ќе работи на подготовка на првиот стручен водич за перименопауза, наменет за матичните лекари, семејните лекари, гинеколозите и останатиот медицински кадар.

Оваа иницијатива се реализира под координација на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување и МАГО - Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, со цел да се обезбеди стручна поддршка и да се изработат конкретни насоки за унапредување на здравствената грижа во период на перименопауза за жените во нашата земја.



Перименопаузата е периодот кој започнува со првите симптоми на менопауза, и завршува една година по последната менструација, кој може да трае неколку години. Периодот на перименопаузата е обележан со хормонални промени што предизвикуваат различни симптоми – од нередовни менструални циклуси, преку несоница, анксиозност, замор и проблеми со концентрација, па сѐ до значајни физички промени. Во Македонија, овој процес не е институционално препознаен, а би можело значително да го подобри квалитетот на животот на жените.

Со формирањето на оваа стручна група, се отвора простор за стручна дискусија и изработка на материјали кои се засновани на медицински докази, кои ќе им овозможат на жените во Македонија пристап до квалитетна грижа, навремено препознавање на симптомите и соодветни медицински информации и услуги за справување и поддршка.

Време е жените во Македонија да добијат грижа што ја заслужуваат – затоа што здравјето на жените е приоритет!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1475. - Во Капресе, Тоскана, е роден Буонароти...
1480.- Во Толедо е потпишана спогодбата со која...
1543.- Умре Антонио Алегри Кореџо, италијански...
1619.- Роден е францускиот писател Савинијен...