Двајца починати и еден повреден во Волково

Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.



Министерството за внатрешни работи потврди дека случајот е пријавен во 9 часот и дека Р.Ц и М.Н. од здобиените повреди починале на самото место. Како можен сторител се посочува М.Н.

- Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Марија Срцева Јовановски потврди дека на Клиниката е примен пациент од инцидентот во Волково и дека во моментот се прават испитувања.

- Пред неполни десет минути е примен пациент кој е повреден од огненострелно оружје. Во моментот се прават иследувања кај него. Генерално состојбата кај него е релативно стабилна. Пациентот по испитувањата веројатно ќе продолжи на лекување на Клиниката за пластична хирургија, изјави Срцева Јовановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шанкер ја прашува келнерката:
- Зошто касниш?
- Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...