Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица.



Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување.

Тој најави и законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа. За следните контроли, дополни, жалбата нема да го одложува извршувањето, односно суспензијата ќе оди веднаш.

- Целта не е да казнуваме, туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, да ги исполнуваат. Феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, а потоа престануваат да ги исполнуваaт тие услови, истакна вицепремиерот Николоски.

Министерот прецизираше и дека контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а не во дел на квалитетот на изведување.

- За да не настане забуна, контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, потенцира Николоски.

За деталните урбанистички планови го повтори ставот дека некои општини треба да се шират, но само ако има место.

- Во некои општини ДУП-овите не поминуваат. Тоа што се случи во минатото се случи, сега сме многу внимателни, нагласи Николоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто мажите после 50-та година пуштаат стомак?
- Му креваат споменик на паднатиот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1611.- Роден е Евлија Челебија, турски патописец....
1634.- Британските колонисти на чело со лордот...
1807.- Во Англија е забранета трговијата со...
1812.- Роден е Александар Иванович Херцен, руски...