Борисов: Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани

Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и дека се постапува по изјавени жалби на судии на претходна постапка во врска со пожарот во дискотеката во Кочани која се случи на 16 март и во која животот го загубија 61 лице, а беа повредени околу 200.



-Во тек е е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судии на претходна постапка и тоа е во моментов што можам да ви го дадам како изјава, рече Борисов.

Борисов нагласи дека секој кој што постапувал како судија на претходна постапка согласно одредбите од Законот за кривична постпака, односно член 33 од овој закон понатаму не може да учествува како судечки судија, член на Совет за оцена на обвинителни акти итн.

Претседателот на Основен суд Кочани истакна дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка.

-Постапувааат тројца судии. Ние сме суд со пет судии, вклучително и јас како претседател на судот, тројца судии, двајца од судиите постапуваат во Кривичен совет и делегиран судија од друг Основен суд кој би можел да постапува како судија во суд со проширена надлежност, рече Борисов. Во однос на трагедијата во Кочани, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека уште е рано да се разговара за тоа што доколку таму не може да се реализира судењето.

-Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, за тоа не треба да одлучува Судскиот совет. Ќе се постапи согласно законот, рече Камбовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Родена е француската кралица со...
1605.- Умре рускиот цар Борис Фјодорович...
1695.- Во Париз умре Жан де Лафонтен, француски...
1743.- Роден е американскиот државник Томас...