Левица поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Тошковски

Пратеничката група на Левица денеска поденесе интерпелација за министерот за внатрешни работи.



Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција во Собранието кажа дека причина за интерпелацијата е поради тоа што тој од позиција на министер за внатрешни работи грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција постапувајќи нестручно, непрофионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во Министерството за внатрешни работи.

-Интерпелацијата ни е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР, рече Јанчев.

Првиот основ е, како што кажа, немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани.

-Согласно Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително изрични законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучавост, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанци, рече Јанчев.

Додаде дека МВР потфрлила и дека долг период се избегнува во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до ДПМНЕ. Според Јаснчев, министерот Тошковски има директно командна одговорност.

Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства. - Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за изададени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа, рече Јанчев.

Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајци, четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук закани упатени кон критичарите на власта, петтиот основ е забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десетиот основ е катастрофална кадровска политика – исполнета со непотизам и кронизам.

-Сашо Петрушевски, истакнат кадар на владиниот коалиционен партнер ЗНАМ, е именуван за државен секретар во Министерството, а човекот имаше обвинение за местење тендери и финансиски злоупотреби. Сомнително кадрово решение е и Оливер Дерковски кој е поставен за советник на министерот Тошковски. Дерковски е поврзан со контроверзи од типот на финансиски малверзации и злоупотреба на службена позиција во ДИК, рече Јанчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на правата на...
1452.- Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден...
1764.- Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од...
1765.- Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич...